Американски бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан
Американските бомбардери Б-2 полетаа од американска база и се движат кон запад над Тихиот Океан во момент кога американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува своите постапки во врска со тензиите меѓу Израел и Иран, објавија Ројтерс и „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на веб-страници за следење на летовите во реално време.
Стратешките бомбардери Б-2 се единствените способни да ја носат американската бомба за разбивање бункери GBU-57. Авионите полетаа од воздухопловната база Витман во Мисури во централната американска држава и беа забележани над Калифорнија, во придружба на авиони што полнеа гориво.
Крајната дестинација на авионите не е позната, но „Њујорк Тајмс“ објави дека се упатуваат кон островот Гуам во Тихиот Океан.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран не може да располага со нуклеарно оружје. Тој подоцна денеска ќе претседава со состанокот на Советот за национална безбедност на Белата куќа. Трамп си даде максимум две недели пред да донесе одлука дали САД ќе учествуваат во израелска офанзива против Иран