Американски кошаркар уапсен во Индонезија за шверц на дрога, му се заканува смртна казна
– Американскиот кошаркар Џаред Двејн Шо (34) е уапсен во Индонезија под сомнение дека се обидел да шверцува нелегални супстанции во земјата, објави денеска локалната полиција.
Шо, кој потекнува од Далас и настапува во индонезиската кошаркарска Лига од 2022 година, е приведен на 7 мај во неговиот стан во областа Тангеранг, во близина на Џакарта.
За време на претресот, полицијата запленила 132 бонбони што содржеле канабис, изјави началникот на полицијата на аеродромот Соекарно-Хата, Роналд Сипајунг.
Апсењето уследило по дојава од Царинската служба на аеродромот, која регистрирала сомнителен поштенски пакет од Тајланд.
Канабисот е декриминализиран во Тајланд од ноември 2024 година, но законите за дрога во Индонезија се исклучително строги, а шверцот со дрога е казнив со доживотен затвор или смртна казна со стрелање.
Според полицијата, Шо за време на испрашувањето изјавил дека планирал да дели бонбони со канабис со колегите кошаркари. Во пакетот се пронајдени вкупно 869 грама нелегални супстанции.
Во моментов во Индонезија чекаат егзекуција околу 530 лица, вклучувајќи 96 странци, повеќето од нив за нелегални активности поврзани со дрога.