Американски медиуми: Израел подготвува „голема одмазда“ за иранскиот ракетен напад

Американскиот информативен сајт Аксиос, кој е добро поврзан со израелски и американски безбедносни извори, известува дека Израел ќе изврши „голема одмазда“ на иранскиот ракетен напад во рок од неколку дена, кој би можел да ги таргетира иранските постројки за производство на нафта.

Синоќа Бенјамин Нетанјаху изјави дека Иран направил „голема грешка“ со нападот и дека „ќе плати за тоа“.

Потсетуваме, шефот на иранските вооружени сили, генерал Мохамад Багери, се закани дека ќе ја таргетира израелската инфраструктура доколку бидат преземени нови одмазднички мерки против Техеран.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи доцна во вторникот изјави дека иранската акција „заврши доколку израелскиот режим не одлучи да возврати“.

– Во вторникот вечерта започнавме акција за самоодбрана според член 51 од Повелбата на ОН, насочена исклучиво на воените и безбедносните локации одговорни за геноцидот во Газа и Либан. Два месеци апстиниравме, за да му дадеме шанса на примирјето во Газа. Нашата акција е завршена доколку израелскиот режим не одлучи дополнително да возврати. Во тоа сценарио, нашиот одговор ќе биде се посилен и посилен, рече тој на Х

Back to top button
Close