Американски носач на авиони пристигна во Јужна Кореја
Американскиот носач на авиони „УСС Карл Винсон“ вплови во јужнокорејското пристаниште Бусан, неколку дена откако Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети.
– Целта е да се поттикне интероперабилноста на комбинираните средства на сојузниците, се наведува во соопштението на јужнокорејската морнарица.
Тоа е прв американски носач на авиони што пристигна во Јужна Кореја од јуни.
Северна Кореја претходните распоредувања на американски носачи на авиони, бомбардери со долг дострел и подморници на нуклеарен погон одговараше со ракетни тестови.
Пјонгјанг пред два дена соопшти дела тестирала стратешки крстосувачки ракети за да ги информира своите противници за способноста на својата армија за контранапад и подготвеноста за нејзините нуклеарни операции.
По набљудувањето на четвртиот ракетен тест оваа година, Ким Џонг-ун изјави дека армијата мора да биде целосно подготвена да го користи своето нуклеарно оружје.
Американскиот претседател Доналд Трамп по инаугурацијата на 20 јануари изјави дека ќе се обиде повторно да воспостави контакт со севернокорејскиот лидер Ким. Но, Пјонгјанг не одговори директно на најавата на Трамп.
Ким и Трамп имаа три средби во 2018 и 2019 година, на кои разговараа за нуклеарната програма на Северна Кореја. Но разговорите пропаднаа поради спорот за американските економски санкции за Северна Кореја.