Американскиот Центар за контрола и превенција од болести: Откако ќе се вакцинираме, не е сигурно дека нема да се заразиме со КОВИД-19

Американскиот Центар за контрола и превенција од болести повторува дека вакцините КОВИД-19 се ефикасни во заштитата од сериозниот вирус. Но, прашањето е дали вакцинираните сè уште можат да бидат преносители на вирусот на останатите кои не се вакцинирани?

Од таму на 23 март 2021 година известија:

„Сè уште учиме како вакцините ќе влијаат на ширењето на КОВИД-19. Откако ќе бидете целосно вакцинирани против КОВИД-19, треба да продолжите да преземате мерки на претпазливост на јавни места, како носење маска, оддалечување 6 метри од другите и избегнување гужви и слабо проветрени простори додека не дознаеме повеќе “.

Експертите велат дека дури и ако вакцинираните луѓе не се разболат, тие сепак можат да се заразат без да покажуваат никакви симптоми.

„Вакцинираната личност подобро го контролира вирусот, така што шансите за пренесување ќе бидат значително намалени“, изјавил д-р Роберт Гало, експерт за вируси на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд.

САД започнуваат студија на студенти на колеџ кои сакаат да подлежат на дневно тестирање на брис од нос, за да видат дали го носат вирусот по вакцинацијата и, ако е така, дали е помалку веројатно да заразат друго лице?

Студија на здравствените работници најавува уште подобри вести

Во меѓувреме, неодамнешна студија спроведена од Центарот за контрола и превенција од болести, на вакцинираните здравствени работници најавува дека вакцините не само што го намалуваат ризикот од сериозно заболување со КОВИД-19, туку можат и да го спречат фаќањето на вирусот.

И тоа ќе помогне во дефинитивно одговарање на прашањето дали навистина може да се пренесе вирусот по вакцинацијата.

„Ако не можете да се заразите, не можете да заразите некој друг, што значи дека вакцините можат да го намалат пренесувањето, како и болеста“, изјави за Science News Марм Килпатрик, истражувач на заразни болести на Универзитетот во Калифорнија, Санта Круз.

Тоа има смисла и е за поздравување. Но, во моментов, бидејќи некои вакцинирани лица сè уште можат да се заразат, Центарот за контрола и превенција од болести и другите центри за јавно здравје остануваат претпазливи и продолжуваат да им препорачуваат на луѓето што се вакцинирале да продолжат да носат маски во јавноста и да преземаат други мерки на претпазливост за да избегнат ширење на вирусот.

Back to top button
Close