Американскиот кандидат за амбасадор во ОН нема да дозволи агендата да биде водена од Кина

Дипломатот Линда Томас-Гринфилд, од претседателот Џо Бајден предложена за амбасадор на САД во ОН, денеска е на сослушување пред сенатската Комисија за надворешна политика, за утврдување на нејзината кандидатура. 

Во соопштение објавено денеска пред сослушувањето, таа објасни дека има намера да ги обнови односите со ОН, со цел да се спротистави на напорите на Кина да промовира „авторитарен дневен ред“. 

-Знаеме дека Кина прави напори во сите структури на ОН да промовира  авторитарна агенда која притивречи на темелните принципи на оваа институција и американските вредности, се вели во дел од нејзиното соопштение. 

Додава дека „успесите на Кина во тоа зависат од нашето постојано стоење настрана. За време на мојот ангажман тоа нема да се случи“. 

Пекинг настојува да го засили своето влијание во ОН со помош на повеќестрани платформи и да постигне противтежа на традиционалната водечка улога на САД. Поради коронавирусот, нетрпеливоста меѓу двете држави во ОН достигна точка на усвитување. 

Претседателот Бајден, во првиот ден од неговото стапување на служба, ја укина одлуката за напуштање на СТО и се врати во Договорот за климатски промени од Париз.  

-ОН може да бидат незаменлив институт за промоција на мирот, безбедноста и нашиот колективен прогрес. Ако наместо тоа ние станеме од масата и дозволиме други да ја пополнат празнината, ќе настрада глобалното општество, како и американските интереси, се вели во изјавата на Томас-Гринфилд.  

Таа има 35 годишно искусто во дипламатската служба на САД и работела на четири континенти, вклучително и Африка.

Back to top button
Close