Американскиот преговарачки тим го напушти Пакистан

Целиот американски преговарачки тим го напушти Пакистан по завршувањето на разговорите со Иран, потврди американски претставник за новинарите кои го следат потпретседателот Џеј Ди Венс, пренесува CNN.

Меѓу членовите на делегацијата беа и специјалниот пратеник Стив Виткоф, Џаред Кушнер, како и техничките тимови. Нивното заминување се толкува како знак дека директните преговори нема да продолжат во скоро време, ниту на работно ниво.

Потпретседателот Венс изјави дека по 21 час разговори не е постигнат никаков договор и дека американската страна заминува со, како што рече, „последна и најдобра понуда“.

Преговорите меѓу САД и Иран, кои беа посредувани од Пакистан, траеле повеќе од 29 часа во различни фази, при што двете страни изразуваа претпазлив оптимизам, но без конечен резултат за прекин на конфликтот, објави Скопје1.мк.

Back to top button
Close