Американскиот војник кој избега во Северна Кореја сега е во американски притвор откако беше протеран од Пјонгјанг


Војникот Тревис Кинг, припадник на американската Армија кој пребегна во Северна Кореја во јули, е задржан во американски притвор откако беше протеран од Северна Кореја во Кина, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори, пренесува БТА.

Севернокорејската државна новинска агенција KCTA соопшти дека Кинг бил протеран откако признал дека илегално влегол во Северна Кореја, бидејќи бил „разочаран од нееднаквоста во американското општество“.

-Американски официјален претставник изјави за Ројтерс дека Кинг сега е во американски притвор, но не даде дополнителни детали, пренесува БТА.

Одлуката за протерување е содржана во конечните резултати од истрагата на севернокорејските власти.

Севернокорејските власти одлучија да го протераат Кинг според законите на земјата, но не објавија никакви детали за спроведувањето на мерката.

Белата куќа соопшти дека им се заблагодарува на Кина и Шведска што го олесниле трансферот на американскиот војник протеран од Северна Кореја, пренесоа француските медиуми.

-Им благодариме на шведската влада за нејзината дипломатска улога… и на кинеската влада за нејзината помош во олеснувањето на транзитот на Кинг“, посочи во соопштението, советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Претходно, друг висок американски функционер изјави дека војникот го напуштил кинескиот воздушен простор и бил на пат кон американската воена база.

Back to top button
Close