Американскиот воен брод „Нимиц“ плови кон Блиски Исток
Американскиот брод носач на авиони „УСС Нимиц“, кој пловеше во Јужно Кинеско Море, денеска сврте кон запад и се упати кон Блиски Исток, покажуваат податоците на веб-страницата „Марин трафик“ (Marine Traffic), која ги следи бродовите ширум светот во реално време.
Бродот плови по теснецот Малака, помеѓу индонезискиот остров Суматра и Малезија.
Засега нема коментар од американската морнарица.
Носачот на авиони Нимиц е на нуклеарен погон и е еден од најголемите воени бродови во светот.