Амнестија

  1. Сивата, црната и лабораториската економија во оваа држава не можат да се решат без сеопфатни, па дури и радикални реформи во даночниот систем. Тука почнува и расте корупцијата. И упорно расте од денот на независноста. Дали знаете дека најголемата стапка на персоналниот данок во Шведска изнесува 58 проценти?
  2. Без сеопфатни, детализирани и правични реформи на даночниот систем, јазот помеѓу сиромашните граѓани  и банкарските депозитари во државава, ќе биде поголем и од кањонот Колорадо. Или како во земјите на Источната Европска Унија Во државата се паѓа, освен банкарските депозити кои се на ниво на Шведска. Растат, и тоа во повеќе годишен континуитет. 
  3. Се почнува и завршува со реформи за детален и реално правичен даночен систем. Full Stop. Сите spot измени на даночниот систем само се во функција на related party transactions во државата. На македонски преведено, тоа ви се измени во корист на партиско- племенските и стомачни трансакции за “ подобар развој на државата”
  4. Дали има капацитет за вакви промени? Мислам дека нема. Мала шанса има  во најавуваниот Фискален Совет. Шансата е сериозно мала, затоа што веројатно ќе ги гледаме истите протагонисти кои се дел од related party transactions групировката која може само да ја зголеми длабочината на кањонот Колорадо. 
  5. А народ, како секој народ, се занимава со шалот на министерката. 

Руди Лазаревски

Back to top button
Close