Ампева од „Гласен Текстилец“ реагира на новите одлуки за работниците

Почнаа да пристигнуваат реакции од работниците во реалниот сектор, кои досега ги користеа владините мерки по неколку основи да бидат ослободени од работа за време на пандемијата. Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип за МИА вели дека попладнево постојано добива телефонски повици и пораки, а работниците бараат одговори за одлуките кои се донесени на чевртата седница на Влада.

Реакциите доаѓаат првенствено од родителите на деца до 10 години, кои на работа треба да се вратат на 23 септември, а училишната година се очекува да стратува на 1 октомври. Таа вели дека родителите од целата држава прашуваат кој ќе се грижи за нивните деца по завршување на часовите, бидејќи поголем број од  општините им најавиле дека ќе нема целодневен престој за децата.

– Како тоа се враќаат сите родители од 23 септември на работно место? Ајде градинките се отворени, ама училиштата кои почнуваат физичка и онлајн настава од 1 октомври? Што со школските деца до 10 годишна возраст? Ќе има ли дневен престој или децата на улица да си ги фрлиме во име на профитот на приватниот сектор кои очигледно се привилегирана каста во државава, па заради нив можеме да газиме и по децата? До некна се трубеше на големо продолжено породилно до 31.12, сега се предомисливме? Ајде градинките се отворија, така? Што е со бремените жени кои се особено ранливи? Да ги фрлиме нив во оган? Што е со самохраните родители? Каде се тие во целата приказна, прашува на својот фејсбук статус Ампева.

Таа забележува дека  треба да се продолжи и живее со ова „чудо“ наречено Ковид 19, но забележа дека свесни треба да бидат сите и дека хронично болните, бремените и децата нема да се пуштат низ вода, а како што вели, во име на нечии профити, некои кои злоупотребиле државни пари. Побара да се преиспита оваа одлука, за да не се случат низа на проблеми за работниците.

Back to top button
Close