АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен

АМСМ информира дека од 14.50 часот сообраќајот на патниот правец Берово-Струмица е блокиран поради јавен собир.

– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Намалена видливост поради магла 30-50 метри има кај Ресен, соопшти АМСМ во вечерниот извештај за состојба на патиштата.

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури, укажува АМСМ, можна е појава на поситни одрони. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Back to top button
Close