АМСМ: ГП „Богородица“ блокиран за влез за сите возила, пренасочен сообраќајот кај Манастирец

АМСМ информира дека вечерва во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделците, ГП Богородица (Евзони) е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Грција додека за излез од таа држава работи само за Товарни моторни возила.
Од АМСМ соопштија и дека околу 19 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци.
Како што соопшти претходно АМСМ, поради појава на магла, видливоста во околината на Дебар е намалена до 50 метри.






