АМСМ: Компанијата ШТРАБАГ АГ утре ќе врши минирање на патниот Радовиш – Штип

АМСМ известува дека утре компанијата ШТРАБАГ АГ со своите подизведувачи ќе врши минирање на патниот правец Радовиш – Штип, околу место викано Пилав Тепе во период од 12:00 до 15:00 часот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека делницата Штип – Крупиште која е дел од експресниот пат А3 Штип – Кочани, може да се користи за сообраќај. Оттаму им посочуваат на учесниците во сообраќајот на експресниот пат на делницата Штип (клучка Три Чешми) – Крупиште, да го користат согласно со одобрениот времен режим и да ја почитуваат поставената патна сообраќајна сигнализација.

Back to top button
Close