АМСМ: Магла на патните правци Тетово – Групчин, Битола-Прилеп, Куманово и Скопје-Велес


Намалена видливост поради магла од 50 до 80 метри има на патните правци Тетово – Групчин, Битола-Прилеп, Куманово и Скопје-Велес, информираат од АМСМ.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, известуваат од АМСМ.

Back to top button
Close