АМСМ: На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ се чека по околу половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира Автомосојузот на Македонија.

-Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути, на ГП Богородица за влез во државата е околу 40 минути, а за излез околу 20 минути. На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ во пладневниот извештај за сообраќајот на државните патишта.

Автомосојузот  препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

-Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.

Back to top button
Close