АМСМ: На „Табановце“ се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања


На граничниот премин „Табановце“ е зголемена фреквенцијата на возила, а времето на чекање за влез во земјата е до половина час, информира АМСМ.

На останатите гранични премини од македонска страна, според соопштението на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

„Поради вршење на градежни активности и проширување на регионалниот пат Р1109 делница Понов мост, влез во Богданци од денеска е воведен временски режим во сообраќајот“,

велат од АМСМ.
Оттаму препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност за појава на одрони.

„Ова особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,

велат од АМСМ.

Back to top button
Close