АМСМ: Од 17:30 часот во прекин сообраќајот на ГП Евзони (Богородица)

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти вечерва Автомотосојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ информира дека од 17:30 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е во прекин.
Поради штрајк на грчките земјоделци, овој граничен премин неколку дена во различни интервали од денот е блокиран за сообраќај.






