Анџелина Џоли победи на суд против Бред Пит околу нивната заедничка винарија

Анџелина Џоли ја доби правната битка против својот поранешен сопруг Бред Пит околу нивната заедничка винарија.

Во јули 2021 година, Џоли поднела барање за укинување на привремената забрана за продажба на нивните заеднички средства со Пит. Поточно, таа сакала да го објави на продажба својот удел во винската компанија „Миравал Шато нувел“ (Miraval Chateau Nouvel) во Франција. Во септември лани, Пит ѝ дозволил на својата поранешна сопруга да го продаде својот удел, под услов тој лично да го одобри купувачот.

Холивудскиот глумец, потоа, годинава ја тужеше Џоли, тврдејќи дека тајно продавала акции од винаријата на „Групацијата Столи“ – компанија за алкохол контролирана од рускиот претприемач Јуриј Шефлер.

Бред Пит бараше судот да го поништи договорот.

Според него, Џоли не ја добила неговата согласност за договорот и намерно ги криела подробностите за зделката од него. Глумецот се жалеше и дека неговиот нов партнер внел хаос во раководството на винаријата, како што пишуваа западните медиуми.

На 22 јули, оваа година, судијата во случајот му наложил на Бред да предаде дел од потребните документи, и покрај несогласувањето на глумецот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close