Ан Линде во Скопје на разговори со Заев и Османи за ОБСЕ и за ЕУ

– Министерката за надворешни работи на Шведска и актуелен претседавач со ОБСЕ Ан Линде, која престојува во посета на С Македонија, денеска во Скопје ќе има средби со премиерот Зоран Заев и со шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Во фокусот на средбите, како што соопшти МНР, ќе бидат приоритетите на Шведското претседателство со ОБСЕ, очекувањата и тенденциите во следниот период, предизвиците на Организацијата, кои ќе ги оформат и приоритетите на претседавањето на С Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

 Се очекува да бидат разменети мислења и за европските перспективи на земјата.

Предвидено е Линде да се состане и со пратеници и претставници на граѓанското општество.

Мисијата на ОБСЕ во Скопје соопшти дека посетата на Линдe е фокусирана на спроведувањето на стратешките реформи во земјата, владеењето на правото, доброто владеење, активностите во борбата против организираниот криминал и корупцијата, унапредувањето на слободата на медиумите и социјалната кохезија. Ќе се разговара и за важноста на регионалната стабилност и безбедност, вклученоста и партнерството со ОБСЕ.

Северна Македонија ќе претседава со ОБСЕ во 2023 година, а треба да се приклучи на Тројката од 1 јануари 2022 година, што е формат на соработка помеѓу сегашното, претходното и следното претседателство.

Back to top button
Close