Јана Атанасовска донесе историски успех на македонското скијање


Македонската скијачка Јана Атанасовска со победи на натпреварувањата во слалом во Австрија и Италија освои најмногу ФИС поени во историјата на македонското алпско скијање.

Откако на слаломот во италијанскиот ски центар Пампеаџо во понеделникот заврши третопласирана и освои 30.66 ФИС поени, Атанасовска на истата патека следниот ден ја заврши слаломската трка на првото место и освои нови 23 ФИС поени.

Атанасовска денеска победи на двете слаломски трки во австриски Хинтерајт освојувајќи вкупно 46.85 ФИС поени.

„Честитки до Јана и до нејзиниот тренер Александар Атанасовски – Чаве, за посветеноста и извонредниот труд. Овој успех е голема инспирација за македонското скијање и за сите млади спортисти – со овој успех, Македонија пишува историја“, објави Скијачката федерација на Македонија на својот Фејсбук профил.

Back to top button
Close