Ана Брнабиќ: Со усвојување три медиумски закони, Србија ќе добие закони целосно усогласени со оние на ЕУ

Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ, синоќа изјави дека верува оти, по дебатата во Парламентот за трите закони за медиуми, Србија ќе добие закони за медиуми што се целосно во согласност со стандардите на Европската унија. Според неа, тоа е едно од нештата што и се потребни на државата за да се отвори Кластер 3 што е можно поскоро.

. EPA-EFE/Rafal Guz Poland Out

Зборувајќи за трите закони за медиуми, таа рече дека процесот на усогласување со самата Европска комисија траел малку повеќе од седум месеци.

„Затоа верувам дека по дебатата во парламентот за овие три закони за медиуми, навистина ќе добиеме закони за медиуми кои се целосно во согласност со стандардите на Европската унија“, изјави Брнабиќ за РТС.

Back to top button
Close