Ана од ДНК: Си замина моето второ семејство. Остана само пепел

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се тројцата од бендот ДНК кои преживеаја откако страотниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде загинаа 59 лица, меѓу кои и останатите членови на бендот.

Таа за прв пат се огласи по трагедијата, денеска кога треба да ги испрати своите пријатели и соработници во вечниот дом.

-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана.

За својата другарка и колешка Сара Пројковска напиша: – Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден.

Погребот на Сара Пројковска е закажан за денес од 12 часот на гробиштата во Лисиче во 12 часот.

Денеска ќе биде погребан и Андреј ДНК.

 

Back to top button
Close