Јанакиески е четири години и десет месеци во домашен притвор, вели адвокатот


Адвокатот Еленко Миланов на денешната јавна седница на Апелацискиот суд истакна дека случајот ТНТ од самиот почеток се водел погрешно и оти не може ни самата пресуда да биде поинаква. Тој е бранител на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за кој рече дека од сите досега обвинети е најдолго во домашен притвор. Тој рече дека Јанакиески е во домашен притвор четири години и десет месеци.

Тој потсети дека помилувањето што Јанакиески го доби од поранешниот претседател Ѓорге Иванов се уште важи.

Back to top button
Close