Јанакиески и Јанкулоска осудени на затвор за „Титаник“, а Протуѓер се извлече со условна

Поранешните најблиски соработници на екс премиерот, Никола Груевски, денеска добија затворски казни казни за случајот „Титаник“, и покрај тоа што претходно признаа вина.

Поточно, Гордана Јанкулоска денеска беше осудена на казна затвор од 2 години и шест месеци, Миле Јанакиески на ефективна казна затвор од 4 години и 6 месеци, а Мунир Пепиќ доби 3 години затвор. Мартин Протуѓер пак е осуден на условна казна од две години, а истата казна ја добија и Билјана Бришкоска Бошковски и Киро Тодоровски.

Судењето пак продолжува за останатите, во фаза на доказна постапка.

Во случајот обвинети се вкупно 21 лице меѓу кои се: поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се гонат за повеќе дела, како злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање и уништување изборен материјал.

 

Back to top button
Close