Јанaкиески: Не влијаев во работата на Комисијата за отуѓување на земјиште

Одговорно тврдам дека немав никакво влијание во работата на второстепената комисија при министерството за транспорт и врски. Таа комисија е за отуѓување на градежно неизградено земјиште, истакна во своето сведочење Миле Јанакиески во случајот Топлик.

Тој пред судот уверуваше дека немал со членови на комисијата немал директен контакт и ја почитувал хиерархијата во министерството.

-Комисијата работеше независно во рамки на нивните надлежности без никаков притисок – рече поранешниит министер пред судот.

Jaнакиески објасни дека ниту тој ниту комисијата можеле да знаат што ќе се случува во иднина,односно цели четири години откако ќе заврши јавното наддавање.

-Тврдам дека нема направено никаков пропуст – истакна Јанакиески.

Toj објасни дека во министерството има јасна поставеност по функции и надлежности.

-Затоа не може целата одговорност да припадне на министерот. Продажбата на неизградено градежно земјиште се одвива според законот за градежно земјиште и уредбата што произлегува од тој закон – истакна Jанакиески.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close