Анакиев барал мито од 100.000 евра за камиони со вештачко ѓубре на фирма од Делчево да поминат на Царина

Продолжи рочиштето против поранешниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство – Васе Анакиев, кој беше уапсен во март годинава.
На денешното рочиште сведочеше сопственикот на фирма од Делчево, кој го пријави директорот на Инспекторатот поради барање поткуп.
Според Методи Манов, Анакиев во неколку наврати му вршел притисок и му праќал вонредни инспекции.
Во последниот случај, преку друго лице, му побарал мито од 100.000 евра, а во замена да обезбеди камионите со вештачко ѓубриво да поминат на Царина и преку граница.






