АНАЛИЗА: Буџет 2023 : намалување во здравство, социјала, земјоделство, повеќе пари за транспорт, одбрана, финансии, полиција!

Дел од министерствата со зголемени трошења, но кај дел кратење. Државни инспекторати и агенции догодина ќе располагаат со помалку пари во однос на годинава. Буџетот за 2023 та влезе во Собрание. “Порталб” анализира кои ресори, агенции, државни институции колку пари ќе имаат за трошење во новата буџетска година.

За судство повеќе пари, за дел од инспекторатите помалку ….

Значајно е зголемен буџетот на Владата, догодина ќе може да потроши 301 милион евра, во оваа сума се вклучени и мерките за помош и поддршка поради здравствената и економската криза за што се планирани 236 милиони евра.

Во 2023 за прв пат планирани се средства за ново независно тело – Фискален свет. Ќе има на располагање околу 89 000 евра, со шест вработени а главната задача ќе му биде да прави економски анализи и оценки за состојбите.

Повеќе пари за трошење во однос на годинава ќе има Уставниот суд за кој од Буџетот се планирани скоро 1 милион евра, Центар за управување со кризи со расходи од 3,6 милион евра, Управата за извршување санкции ќе има на располагање 20,5 милион евра, Агенцијата за странски инвестиции ќе има поголем буџет во износ од 806 000 евра и Агенцијата за промоција на туризмот со буџет од скоро 1,4 милиони евра.  Повеќе пари за трошење во однос на годинава ќе има и Дирекцијата за слободни економски зони – со буџет од 41,1 милион евра.

Од министерствата поголем буџет догодина ќе има Министерството за политички систем, со планиран расход од 4,3 милион евра, Министерството за одбрана ќе има на располагање  276 милион евра, буџетот на Министерството за внатрешни работи е зголемен на 205,6 милиони евра, на Министерството за  надворешни работи расходите се зголемуваат на 29,2 милион евра,  на Министерството за финансии на 23,5 милион евра а на Министерство за финансии – функции на држава расходите се зголемени на ниво од 20,5 милион евра. Повеќе пари за трошење ќе има и Министерството за животна средина во износ од 30,5 милион евра како и Министерството за транспорт и врски чиј буџет значајно се зголемува на 323,1 милион евра. Повисоки трошења на ниво од 506 милион евра ќе има Министерството за образование  а поголем буџет ќе има и Министерството за култура.

                                                    Буџет 2023

Мин.за труд и соц.политика                                  864,8 мил.евра

Мин.за образование                                                506,0 мил.евра

Мин. за транспорт                                                    323,1 мил.евра

Мин.за одбрана                                                        276,0 мил. евра

Мин. за внатрешни работи                                     205,6 мил. евра

Мин.за здравство                                                       111,0 мил.евра

Мин. за земјоделство                                                 32,9 мил.евра

Мин. за животна средина                                          30,5 мил.евра

Мин. за надворешни работи                                     29,2 мил. евра

Мин.за информатичко општество                            26,2 мил.евра

Мин.за финансии                                                         23,5 мил. евра

Мин за финансии-функции на држава                   20,5 мил. евра

Мин. за економија                                                       18,8 мил.евра

Мин.за правда                                                                 9,1 мил.евра

Мин. за политички систем                                           4,3 мил. евра

Намалување на трошењата има кај Министерството за економија кое со новиот буџет ќе има на располагање 18,8 милион евра, кај Министерството за земјоделство трошењата се намалуваат на близу 33 милиони евра а се намалуваат и средствата за Агенцијата за развој на земјоделството – Битола  на ниво од 1,2 милион евра. Помал буџет од 142,7 милиони евра ќе има и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството која е клучниот канал за субвенции во аграрот. Намалување има и кај Министерството за труд и социјална политика, ресор кој има еден од најголемите буџети,   догодина ќе може да потроши 864,8 милиони евра. Се намалуваат и расходите во Министерството за информатичко општество кои догодина  ќе изнесуваат 26,2 милион евра. Намалување има и во Министерството за здравство  за кое е проектиран расход од  111 милион евра.

Речиси исти или незначително помали буџетски трошења до година во однос на годинава има кај Министерството за правда  кое ќе располага со 9,1 милион евра, расходите на Инспекторат за употреба на јазиците ќе изнесуваат 260 100 евра, на  Управата за финансиска полиција 1,2 милион евра, минимално помалку во однос на годинава.  Со Буџетот за 2023 та се намалуваат средствата за Инспекцискиот советАгенција за примена на јазикотДирекција за заштита Агенцијата за национална безбедностАгенција за стокови резервиИнспекторатот за животна средина ќе има помал буџет во однос на годинава како и Инспекторатот  за транспорт, Инспекторатот за градежништво,  Државниот просветен инспекторат, Агенцијата за млади и други. Кај судската власта има зголемување на буџетите, како и за Јавното обвинителство и за Народниот правобранител.

Back to top button
Close