АНАЛИЗА: Граѓаните се “вратија ” на кредитите – само станбените кредити со раст од 14,7% !

Расте депозитната база во банките, расте и кредитирањето. Сумирани се податоците за првото банкарско полугодие – и штедењето и кредитите на историски највисоко ниво.  Депозитите во јуни, на годишно ниво бележат раст од 6,8% , а кредитите се со раст од 5,1%, пишува “Порталб“. Интресно е дека “јазот” помеѓу депозитите и кредитите се зголеми за повеќе од една милијарда евра – односно износот на депозитината база е за 1,2 милиајрди евра повеќе во однос на пласираните кредити.

Кредитната задолженост на фирмите и на граѓаните надмина 6 милијарди евра …

Домаќинствата се вратија на “поагресивно”  задолжување во банките – на крајот од јуни кредитната задолженост на граѓаните надмина 3 милијарди евра по различни основи – или кредитите на домаќинствата на годишно ниво бележат раст од 8,7%.

                                         Кредити јуни 2021 година

Вкупни кредити                                                    6 010 000 000 евра

Корпоративен сектор                                          2 846 000 000 евра

Домаќинства                                                          3 164 000 000 евра

Потрошувачките кредити и станбените кредити и натаму се најдоминатни во кредитната изложеност на банките кон домаќинствата, додека автомобилските кредити повеќе месеци наназад се со негативен предзнак.

Гледано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во јуни, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, бележат годишен  раст од 7,9% и 14,7%, соодветно. Во јуни, автомобилските кредити, се намалени на месечно и годишно ниво за 2,9% и 17,1%. Кредитите одобрени на кредитни картички во јуни се зголемија за 0,5% на месечна основа, додека на годишна основа тие се намалени за 8,9%” соопштија од НБМ.

                                       Кредити на домаќинства

Потрошувачки кредити                              1 600 000 000 евра

Станбени кредити                                       1 000 000 000 евра

Кредитни картички                                         170 000 000 евра

Негативни салда                                              104 370 000 евра

За разлика од домаќинствата, растот на кредитната задолженост на фирмите е со побавно темпо. На крајот од првото полугодие корпоративниот сектор бил задолжен со 2,8 милијарди евра, со раст од 1,2% на годишно ниво.

Депозитината база во банките надмина историски 7 милијарди евра…  

Темпото на раст на кредитирањето – побавно во однос на растот на штедењето. На крајот од првото економско полугодие вкупната депозитна база достигна 7,2 милијарди евра, со остварен годишен раст од 6,8%. Анализата што ја направи “Порталб” покажува дека од вкупните депозити,  53,8% се во домашна валута додека останатите 46,2% се со девизна клаузула.

                                                       Депозити

Вкупно                                                     7 250 000 000 евра

Денарски депозити                              3 900 000 000 евра

Девизни депозити                                 3 334 000 000 евра

Интресно е дека кај депозитите на коропоративниот сектор на годишно ниво регистрирана е висока стапка на раст. Вкупните депозити на фирмите на крајот од јуни изнесуваат 2,1 милијарди евра.

“Вкупните депозити на корпоративниот сектор во јуни се повисоки за 3,1% на месечна основа. Годишната стапка на раст изнесува 16,7%, главно поради зголемените депозитни пари, при позитивно влијание и на краткорочните и долгорочните депозити во странска валута” – наведуваат од НБМ.

                                   Депозити на домаќинства                  годишна стапка на раст

Во денари                       2,4 милијарди евра                              +2,3%

Во странска валута        2,3 милијарди евра                              +6,4%

Кај домаќинствата во јуни, растот на штедењето е предводен од растот на краткорочните депозити во странска валута, но раст бележат и краткорочните депозити во денари и во странска валута.

Оваа банкарска година започна со заострени услови на кредитирање, но и со намалена побарувачка за кредити, па дел од банкарите оценија дека улогите се смениле – сега банките се тие кои “ловат” клиенти. Сепак по завршување на првиот квартал забележани се значајни стапки на раст на кредитирањето на домаќинствата.

“Посилниот кредитен раст кај домаќинствата e најмногу резултат на зголемената побарувачка на кредити, при истовремено олеснети кредитни услови. Банките укажуваат на поизразено олеснување на кредитните услови кај кредитите на домаќинствата коешто е забележано кај сите типови кредити” – оценуваат банакрите.

Сепак – ковид пандемијата се одрази и врз депозитното портфолио , регистрирана е промена на валутната и рочната склоност на штедните влогови , видлива преку пад на долгорочните депозити и доминантен придонес на девизните депозити, но и натаму степенот на “евроизираност” на депозитите  останува на релативно стабилно ниво.

Back to top button
Close