АНАЛИЗА: Ново задолжување за 1,3 милијарди евра, јавните финансии ќе се ребалансираат, што ќе донесе новата буџетската година?
Во 2027 та ќе се издава нова Еврообврзница. Парите ќе се трошат за враќање на стари долгови но и за тековни буџетски потреби. На истекот од оваа година во најава е втор ребаланс на Буџетот, пишува Порталб. Власта вели дека јавните финансии се стабилни, опозицискиот блок обвинува дека државата влегува во должничко сценарио. Што покажуваат податоците за буџетската ликвидност и задолженост?

Владата бара извори за 1,3 милијарди евра, опозицискиот блок обвинува за должничко сценарио
Дисциплинирана фискална политика, кратење на непродуктивните расходи, зголемување на јавните инвестиции, фискална консолидација – Владата и во 2027 та најавува одржлива фискална политика што нема да ја загрозат должничката позиција на економијата. На истекот од оваа економска година веќе се најави ново задолжување на меѓународните финансиски пазари преку Еврообврзница. Според податоците од опозицискиот блок кој се повикува на владина одлука, се работи за износ од околу 1 300 000 000 евра. Според досега лиферуваните информации од Министерството за финансии, средствата треба да се обезбедат преку нова Еврообврзница и ова задолжување било планирано во ревидираната Фискална стратегија 2027-2031 та.
Што точно пишува во овој документ и колку пари и по кој основ ќе враќаме следната година? Според поставените контури на 2027 та, минусот во државната каса ќе изнесува 688 701 298 евра или намалување на 3,5% од БДП, но ваквата проекција е во однос на проценките дека годинава буџетскиот дефицит ќе изнесува исто така 3,5% од БДП, ниво кое веќе е зголемено на 4,1%.
Следната година, според податоците од Министерството за финансии, за финансирање на буџетскиот дефицит планиран е заем од скоро 1 740 000 000 евра а од нив, по основ на доспеани обврски треба да вратиме 1 050 000 000 евра пишува Порталб. На домашен пазар државата планира заем од 623 000 000 евра а од странство уште 1 125 000 000 евра
Проекции 2027 ( евра)
Задолжување Отплата
На домашен пазар 623 000 000 300 000 000
На странски пазар 1 125 000 000 755 300 000
Извор: Фискална стратегија
Според информациите од Министерството за финансии дел од парите од новата Еврообврзница во 2027 та ќе се користат за враќање на Еврообврзница во износ од 500 000 000 евра што беше издадена во 2023 та година. Но дел од новиот заем ќе се користи и за тековни буџетски трошења и враќање на други долгови.
Обврски по основ на доспеани Еврообврзници
2027 година 500 000 000 евра
2028 година 700 000 000 евра
2030 година 500 000 000 евра
Извор : Министерство за финансии
“Дел од задолжувањето во 2027 – 2031 е наменето за покривање на буџетските дефицит и, односно за непречено извршување на исплатите од Буџетот , а дел ќе биде наменето и за рефинансирање на претходни те долгови што достасуваат во наредниот период” – наведуваат од Министерството за финансии. Во предворје на новите задолжувања, опозицискиот блок критикува дека државата се турка во должничко сценарио.
“Најавивме ново задолжување од 1,3 милијарди. Сега е веќе хартија. За две години оваа власт не задолжи 4 милијарди евра. За 35 години постоење сите влади заедно – 8 милијарди” – реагираше СДСМ
“Само за камати, наредната година државата ќе треба да издвои над 400 милиони евра. Тоа се средства што нема да бидат достапни за јавни услуги, развојни политики и инвестиции, туку за сервисирање на акумулираниот долг” – оценија и од Левица.
Според податоците од МФ , во периодот 2027-2031, просечно, на годишно ниво дури 7% од Буџетот ќе се троши за само за отплата на камати за заеми на домашен терен и во странство.
На истекот од оваа година Владата веќе најави втор ребаланс на буџетот, со тврдење дека минусот во државната каса нема да се продлабочува.
“Очекуваме дека до крајот на годината ќе ни недостасуваат 6-7 милијарди денари од она што го планиравме, и затоа е можно до крајот на годината да имаме уште едно ребалансирање” – изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Јавен долг ( проценка )
2026 година 61,5%
2027 година 61,8%
2028 година 60,9%
2029 година 59,8%
2030 година 58,5%
Извор: Фискална стратегија
Заклучно со првата половина од оваа година вкупниот Јавен долг изнесува 10 726 000 000 евра или 58,8% од БДП. Според податоците од Трезорот на МФ , на крајот на август бил потрошен 83,52% од буџетскиот дефицит.






