Јанаушев вели дека СДСМ не направиле ништо во инфраструктурата, Шехпаска тврди го исполниле ветеното

 Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и носител на листата на кандидати за пратеници во Третата изборна единица и Јагода Шахпаска, носителка во  ИЕ 3 од коалицијата „Можеме“ вечерва во емисијата Парламентарни избори 2020 на ТВ Телма ги претставија плановите од изборните програми  во инфраструктурата. Според Јанушев, СДСМ во изминатите три години не направила ништо во оваа област, а според Шехпаска исполнети се изборните ветувања.

Јанушев информираше дека нивната изборна програма има три столба и оти фокусот ќе биде на инфраструктура, економија и земјоделство.

– Во инфраструктурата треба да продолжиме онаму каде што бевме пред три години зошто оваа неспособна влада на СДСМ не направи ништо. Ќе ги завршиме патиштата Штип-Кочани и Штип-Радовиш, но секако и поврзувањето на Куманово со Деве Баир преку Ранковце и Крива Паланка, како и конечно да ја видиме фамозната пруга на Коридор 8. Исто ќе направиме се што можеме да отвориме граничен премин Клепало кај Берово, но исто така и Црна Скала кај Делчево, ќе работиме на документација за Коридор 8А токму за овој предел кој поминува од централниот дел кон Малешевијата, информираше Јанушев.

Во делот на економијата, како што рече, клучно е зголемувањето на платите за 25 проценти, 20 проценти повисоки пензии, намалување на невработеност под 10 проценти, четири милијарди инвестиции, а во делот на земјоделство 160 милиони евра за субвенции, но и она што е најважното е нивна навремена исплата.

Шахпаска соопшти дека изминатите три години ги исполниле изборните ветувања од 2016 година. – Ги  враќаме  парите кај граѓаните, вложуваме  во човечкиот капитал и евроатланстската интеграција. 30 членка сме во НАТО. Следниот четиригодишен мандат треба да ги отвориме 80 отсто од поглавјата со ЕУ, но и финиширање на градежната офанзива во третата изборна единица, рече Шахпаска.

Најави дека продолжуваат со изградбата на трите од четирите експресни патишта. -Автопатот Миладиновци –Штип го завршивме , градиме експресен пат  Штип –Радовиш, наскоро ќе биде готова и првата делница Штип-Кочани до делот на Крупиште, експресниот пат Ранковце-Крива Паланка. Инвестираме во младите, земјоделството, ги зголемуваме платите на просечна од 34.000 денари и минимална од 20.000 денари, ги поддржуваме  младите доктори, младите  земјоделци, истакна Шахпаска.

– Докажавме дека ги враќаме парите кај граѓаните, преку укинувањето на радиодифузна такса, преку враќање на ефтината тарифа на струјата, повратот на ДДВ кон граѓаните. Кажавме дека ќе вложуваме во чевечкиот капитал и тоа го направивме. Во здравствениот сектор, постигнавме зголемување на платите на докторите специјалисти до 40 отсто, медицинските сестри до 23 отсто, зголемување на капитациониот бод, зголемување на платите во центите за социјална работа, 5000 согласности, односно 5000 вработувања во здравството. Го решивме  статусот на 12.000 стечајци и ги зголемивме  пензиите, посочи Шахпаска.

Здравството, како што рече, претставува една од најуспешните приказни на актуелната власт. Вработивме 780 доктори и 1000 медицински сестри. Платата на лекарите специјалисти изнесува меѓу 80-160.000 денари.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close