АНБ набавува вино за 200.000 денари, таман ќе им оди со бејби бифот

Агенцијата за национална безбедност склучила договор за набавка на 400 шишиња вино, за вкупно 226.500 денари (околу 3.700 евра)На веб-страницата за јавни набавки се објавени две рамковни спогодби, во вкупна вредност од 472.000 денари. АНБ склучила рамковна спогодба за вода, безалкохолни пијалоци и вино.

На веб-страницата за јавни набавки се објавени две рамковни спогодби, во вкупна вредност од 472.000 денари. Заедно со виното (по 200 шишиња црно и бело), АНБ набавува и вода (во стаклена и пластична амбалажа) и безалкохолни пијалаци, објави „Инфомакс“.

На веб-страницата се достапни и цените по кои ќе се набавуваат пијалоците.

Во техничката спецификација не е појаснето за што ќе се употребува виното.

Претходно СОЗР во неколку наврати набавуваше месо, риби, јајца и останати прехранбени продукти во вредност од илјадници евра.

Back to top button
Close