Анчелоти не е задоволен од недостатокот на борбеност и дух кај играчите на Евертон

– Недостаток на борбеност и дух кај играчите на Евертон е причина за неуспешните шанси на тимот да добие квота за учество во Лигата на Европа, изјави менаџерот на тимот, Карло Анчелоти.

Евертон освои само еден бод на последните три натпревари во Премиер лигата и се лизна на 11-то место во пласманот пред последните три кола во сезоната.

– Се согласувам дека во последните три дуели слабо се претставивме. Мислам дека една од причините за ова е што немавме доволно време за добро закрепнување. Другата работа е што изгубивме дел од нашиот борбеност и дух. Можеби и фактот дека заостанувавме и се чинеше доста тешко да се дојде до позиција да учествуваме во Европа исто така влијаеше и играчите изгубија малку мотивација и концентрација. За мене лично, ова беше изненадувачки“, рече италијанскиот стручњак.

Анчелоти очекува реакција од тимот во утрешниот меч со претпоследниот Астон Вила.

– Неприфатливо е. Очекуваме поинаков став, повеќе желба и карактер. Голем дел од ДНК на овој клуб е самопожртвуваност на играчите и борбата до крај. Кога тоа недостасува, работите очигледно не се добри, рече менаџерот на Евертон.

Back to top button
Close