Анчелоти со амбициозна цел – го сака топ стрелецот на Серија „А“

 Менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти е амбициозен да ја зголеми напаѓачката моќ на својот тим. Според „90 мин“, тој го посакува водечкиот стрелец на Серија „А“, Чиро Имобиле.

Напаѓачот на Лацио има 34 гола во сезоната и е на еден гол од тоа да излезе на чело во битката за „Златната копачка“, откако во моментов го дели првото место со Роберт Левандовски.

Италијанскиот репрезентативец има договор со Римјаните за уште три сезони, а не е сигурно дека тој би го напуштил својот тим, откако обезбеди настап со тимот во Лигата на шампиони. Во исто време, Евертон нема да игра во Европа, откако заврши само на 12. место.

„Карамелите“ ги следат и Вилфред Заха од Кристал Палас и Џереми Бога од Сасуоло.

Back to top button
Close