Јанчев не бил поканет на увидот на патот Кавадарци-Дреново

Јанчев денеска не е со нас, бидејќи не е поканет, изјави премиерот Заев кој беше на увид на работните активности поврзани со реконструкција на патот Кавадарци – Дреново, одговарајќи на новинарско прашање зошто кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев не е присутен.

„Јанчев учествува во многу проекти што Владата ги спроведува во овој регион како што соработка на овој план имаме и со градоначалниците на Илинден и на Сопиште, кои што се од редовите на ВМРО ДПМНЕ“, рече Заев.

Back to top button
Close