Јанчев: По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати 

По трет пат Кавадарци избра работа, чесност и резултати, напиша вечерва старо – новиот кавадаречки градоначалник, Митко Јанчев на Фејсбук.

– Соодноста е неверојатна – 7:1 за работа, чесност и резултати. Оваа победа не е само моја, ова е победа на народот, на сите кои веруваат во подобро утре, во фер и посветена работа, во силна Македонија. Ви благодарам од срце за огромната поддршка, за довербата и љубовта што ја покажавте. Голема чест е повторно да го имам вашиот глас и вашата вера во мене и во тимот. Голема благодарност и честитки до советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, до сите кои застанаа зад оваа победа, со работа, со идеја, со срце и душа, напиша тој.

Притоа додаде дека продолжуваст уште посилно, со истата љубов и со уште поголема одговорност.

– Кавадарци да биде пример за развој, чесност и успех. За Кавадарци, за Македонија, со срце и душа, подвлече Јанчев.

Back to top button
Close