Јанчева: До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе владее со урбаната мафија во Скопје?

Ако на некој досега не му беше кристално јасна криминалната коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и привезокот од ЗНАМ, денес на седница на Советот на град Скопје тоа стана кристално јасно“, рече Љубица Јанчева, координатрока на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Откако сфатија дека советниците на седницата на Советот на град Скопје ќе имаат можност да дискутираат и за дивоградбите во Сарај но и во Чаир и другите општини, кренаа бунт за да ја спречат седницата која сами ја бараа.

Што крие Мицкоски и кого штити Панче Тошкоски?

Зошто свесно советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ влегуваат во одбрана на криминалци кога тие добиваат само трошки од матните зделки на Мицкоски, Ганиу и Меџити?

До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе владее со урбаната мафија во Скопје и во државата?

Колку пари се доволни за да се задоволат апетитите на Мицкоски, Ганиу и Меџити и да се престане со ставање на животите на граѓаните во опасност“, изјави Јанчева.

Back to top button
Close