Андонов најавува иницијатива за смена на Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ


Некогашниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов најави иницијатива за промена во раководството на ВМРО-ДПМНЕ и смена на актуелниот прв човек на партијата, Христијан Мицкоски.

„Ви упатувам покана за присуство на прес конференција во организација на фракцијата за демократско ревитализирање на ВМРО-ДПМНЕ, на тема: “Иницијатива за промена на Мицкоски од лидерската позиција”. Прес конференцијата ќе се одржи на ден 21.09.2022 (среда) во 12:00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје“, стои во соопштението.

Back to top button
Close