Андонов пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ ја претстави фракцијата која „ќе делува паралелно“: Мицкоски не одбрани ниту еден национален интерес

Оливер Андонов, поранешниот краткотраен министер за внатрешни работи, денеска пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ ја објави „фракцијата за демократско ревитализирање“ која паралелно ќе делува во најголемата опозициска партија.

На новинарското прашање зошто токму сега се формира фракција, тој одговори дека лидерот Христијан Мицкоски не одбранил ниту еден национален интерес во изминатиот период.

„Партијата која на почетокот беше симбол на македонската демократија стана симбол на политичка декаденција Покрај оставката на Мицкоски и целта за организација на нови избори за нов претседател, бидејќи сметам дека Мицкоски е потполно потрошпен, ќе следува и повик до членството во комитетите, кои се речиси целосно мртви, да се обединиме“, рече Андонов.

Тој додаде дека на Мицкоски голема грешка му била што дал поддршка за независен кандидат за градоначалник на Град Скопје при толку масовно членство во ВМРО-ДПМНЕ.

– Ќе упатам една порала до сите таканаречени ботови – никој во оваа фракција не работи ниту за СДСМ, ниту е платен за некого да работи, наведе Андонов.

повеќе

Back to top button
Close