Андоновиќ: Единаесет дена без прекин на огнот- Примирје меѓу Израел и Хамас во петок попладне?

Нема знаци за ставањето крај на израелско-палестинскиот судри. И денеска 11 ден по ред продолжија воздушните напади на појасот Газа, а возвратно, сирените кои предупредуваат за ракетни напади се огласија и во израелските градови. Израелските сили и Хамас во Газа ги продолжија нападите и денес откако американскиот претседател Џо Бајден јавно повика на напори за ставање крај на конфликтот.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе ги продолжи воените операции се додека не се воспостават мир и безбедност, во појасот Газа Израел по полноќ изврши повеќе од 12 воздушни напади на Појасот Газа, вклучително и два во кои беа уништени две куќи на југот на територијата, а израелската армија објави дека нејзините сили рано утрово погодиле објект за складирање оружје, во куќата на еден од главните воени команданти на на Хамас Сите напади на Израелските сили во Појасот Газа, се кампања насочена против тунелската мрежа на Хамас преку која се доставуваат оружје и муниција од соседните држави Сирија и Јордан, за напади врз Израел.

Агенциите јавија и дека Хамас вовратил со истѕрелување на над 80 ракети врз неколку израелски градови, но дека околу 90 проценти од ракетите што оделе во населените места биле пресретнати од израелскиот антиракетен систем. Од почетокот на борбите на 10 мај, до сега 228 палестинци се убиени во Израелските воздушни напади во Газа, додека според израелските власти , во ракетните напади на Хамас загинале 12 израелци. Во меѓувреме, во посредство на Египет и на дипломатски претставници на ОН, се прават напори за пшостигнување на примирје меќу двете завојувани страни. Според договореното , најверојатно примирјето ќе стапи на сила во петок попладне , за што спроед дипломатски извори веќе се согласиле и Израел и милитантите од Хамас

Back to top button
Close