Андоновиќ: Инцко и Додик во клинч – политизиран Дејтон и негирање на Босна, наспроти отфрлање за руско влијание

Специјалниот пратеник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко, и членот на претседателството на БиХ од српскиот ентитет Милорад Додик влегоа во вистинска војна на зборови за време на он лајн седницата на Советот за безбедност на ОН на која беше разгледувана 25 годишната имплементација на дејтонскиот договор. Инцко пред амбасадорите на Советот за безбедност оцени дека Дејтонскиот мировен договор по 25 години откако е на сила, се политизира и толкува во полза на политичките партии.

Како најголема забелешка, специјалниот пратеник го посочи однесувањето на српскиот ентитет и пред се лидерот Милорад Додик обвинувајки го дека е креатор на политиката на негирање на посоењето на унитарна Босна и Херцеговина.

Инцко, пред Советот за безбедност на ОН. додаде дека „постои само еден мировен договор што важи за секого и дека сите договори мора да го почитуваат Уставот“, кој, како што рече, вклучува клаузула „која и дава на БиХ право да го брани својот суверенитет и интегритет“, Инцко обвини дека пораките за негирање на БиХ најмногу доаѓаат од РС и од изјавите на српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, кој секојдневно изјавува дека никој не може да ја спречи интеграцијата на Србија и РС“.

Овој став како и кревањето споменик на осудениот воен злосторник, Радован Караџиќ,и негирање на геноцидот во Сребреница загрозуваат заедницата – оцени Инцко.

Претседателот на претседателството на БиХ, Милорад Додик возрати во негов стил нарекувајки го Инцко монструм, кој ги мрази Србите. Додик, на онлајн тркалезната маса на Советот за безбедност на ОН, остро го искритикува високиот претставник во БиХ, нарекувајќи го странец кој соработува само со Бошњаците од Сараево и зборува во нивно име. Додик јавно побара од ОН да го повлечат Инцко од БиХ тврдејќи дека тоа е желба и на Србија, Хрватска и Република Српска. Судирот помеѓу Додик од една страна и преставникот на меѓународната заедица од друга е инициран, пред се, од обвинувањата дека Република Српска станува последен бастион на руското влијание во регионот.

Покрај тесните врски со Москва, дозволата на територија на Република Српска за присуство на руски претставници,меѓународната заедница го обвинува Додик дека распродава имот на руски компании без притоа да се консултира или да добие дозвола од федералните власти во Сараево.

Од друга страна Додик изјави дека обвинувањата за руското влијание врз Република Српска се бесмислени, и дека РС од Русија добила само помош, а никогаш ултиматум . Додик наведе дека едно од големите нешта во кои Русија ѝ помогнала на Република Српска е приватизацијата на рафинеријата на нафта во Брод која била уништена. Што се однесува до обвинувањата од прставникот на меѓународната заедница , Додик изјави дека Инцко им се одмаздува на Србите и Хрватите во БиХ. и дека нема апсолутно никаква врска со државниот имот во Босна туку сака да ја запре изградбата на хидроцентрали и аеродроми, и инфраструктурно да ја уништи Босна и република Српска. Додик го критикуваше и вокабуларот на меѓународната заедница која дава географски додавки како босански Срби, велејки дека не постојат Босански ниту Хрватски срби, туку дека Србите се еден народ. Токму оваа позиција руското присуство, како и ставот дека никој неможе да ја запре интеграцијата на Република Српска со нејзината матична држава Србија, ја загрижува меѓународната заедница дека и по 25 години од Дејтонскиот мировен договор , Босна останува фрагилна федерација со елементи на замрзнат конфликт.

Back to top button
Close