Андоновиќ: Операција Ајронсајд: Зададен најсофистицираниот светски“ удар врз организираниот криминал

Повеќе од 800 осомничени криминалци се уапсени ширум светот откако биле измамени да користат апликација за шифрирани пораки управувани од ФБИ Интерпол.

Американските и австралиските власти упаднале во апликација која криминалците ја користат за читање милиони шифрирани пораки, што овозможило стотици апсења на осомничени за организиран криминал во 18 земји, соопштија австралиските власти.

Полициската акција беше иницирана во неколку земји кои во текот на три години, од 2018 година, координативно работеа на декодирање на шифрираната комуникација на криминалните мрежи.

Меѓу другото, беше дешифрирана апликацијата АНОМ што ја користеа криминалните мрежи ширум светот за комуникација.

Во операцијата, која австралиската полиција и ФБИ ја подготвувале од 2018 година, службеници во САД ја презеле контролата врз апликацијата за размена на пораки АНОМ, која ја користат мрежите на организиран криминал.

Откако лице кое припаѓа на австралиското подземје почнало да дели телефони кои ја содржат апликацијата на своите соработници како безбедно средство за комуникација, полицијата можела да ги надгледува нивните пораки.

Бандите верувале дека системот е безбеден бидејќи телефоните немале други можности, немало гласовна контрола или камера, а апликацијата е шифрирана. Официјалните лица ја нарекоа акцијата пресвртна точка а целта на операцијата биле нарко банди и луѓе поврзани со мафијата. АКцијата е дел од иницијативата на САД кои формираат коалиција против земјите што се домаќини на хакери

САД како дел од својата стратегија за борба против кибер нападите, имаат намера да формираат меѓународна коалиција за да ги изведат пред правдата земјите во кои живеат хакери изјави државниот секретар Ентони Блинкен,

„Владата на САД работи на стратегија за спротивставување на вирусите со рансомвер за подобро да ги заштити нашите мрежи. Ова вклучува тесна соработка со приватниот сектор”, нагласи тој

Според него, американскиот претседател Џо Бајден, за време на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, ќе стави до знаење дека земјите не треба да бидат вклучени во прикривање хакери

Овие изјави доаѓаат по акцијата на Соединетите Американски Државиво која се запленети 2,3 милиони долари во криптовалути од хакери, најголем дел од откупот што го платила компанијата Colonial Pipeline, сопственикот на најголемиот нафтовод во САД, по кибер нападот во мај.

Станува збор за откуп што Colonial Pipeline им го платиле во мај на хакерите кои го нападнаа нивниот систем и го затворија гасоводот, што доведе до огромен недостиг на бензин на источниот брег на САД. Во истрагата, ФБИ добиле приватен пасворд за пристап до сметката на биткоини каде што отишол најголемиот дел од платениот откуп, но не е јасно како ФБИ добила пристап до тој пасворд.

Хакерскиот напад го извршила сајбер криминалната група DarkSide со седиште во Русија, соопшти ФБИ. Colonial Pipeline им платиле на хакерите приближно 5 милиони долари крипто валута за да добијат пристап до својата мрежа по нападот, а во меѓувреме вредноста на биткоинот се намалила на 34.000 долари во последните неколку недели.

Back to top button
Close