Андоновиќ: По Приштина Лајчак, во Белград на средба со Вучиќ, Курти ја менува реториката

 

Лидерот на движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека обединувањето на Косово со Албанија не го дозволува уставот на Косово.
Aако обединувањето е желба на сите Албанци, за ваквиот евентуален чин ќе биде потребно време.


– За жал, уставот на Косово е контрадикторен. Еден член наведува дека Косово е независна држава, во друг дека е забрането да се обединува со друга држава. Во исто време, тоа е пречка за европската интеграција – рече Курти.

Тој исто така рече дека е несомнено Албанија и Косово да мора да бидат координирани кон приближување, интеграција и унија, особено во клучните области како безбедноста, енергијата и природните ресурси и надворешната политика. Евентуалната промена на уставот на Косово пак може да предизвика и проблем ако се земе предвид дека доколку Косово може да се обедини со друга држава, тогаш би се отворила и можноста за обединување со Србија, сметаат експертите.

Сепак сето ова засега е во сферата на желбите и хипотетичките нагаѓања „што би било кога би било“.

Она што засега е јасно е изјавата на специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак кој во Приштина изјави дека очекува за време на 4-годишниот мандат на владата на Курти да се постигне договор со Белград, и дека дијалогот меѓу Приштина и Белград не треба да биде одговорност само на една партија во Косово, туку на сите субјекти.

Лајчак во Приштина изјави дека ја поддржува програмата на Курти за отворање работни места и борба против корупцијта, но нагласи дека и дијалогот со Белград е од големо значење, одговарајќи на изјавите на Курти кој смета дијалогот со Белград не е приоритет на новата влада во Приштина.
Какви пораки Лајчак ќе упати до државниот врв во Белград останува да се види вечерва за кога е закажана средба со српскиот престедател Александар Вучиќ. Дека Белград е во средиштето на европското псоредување покажува и најавата дека по Белград Лајчак ќе отпатува и во Подгорица каде подолго време постојат тензии и нарушување на односите со Белград.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close