Андоновиќ: Русија концентрира војска- Нато загрижен, САД се заканува

САД ја предупредија Русија да не и се „заканува“ на Украина, со концентрирање на армиските сили долж заедничката граница. Вашингтон ја обвини Москва дека ги зголемува тензиите со агресивни и провокативни активности во источна Украина.

Тоа, против кое би се спротивставиле, се агресивните активности насочени кон заплашување или заканување кон нашиот партнер Украина“, соопшти Стејт департментот. И НАТО изрази загриженост за акумулирањето на персонал и опрема на руската армија во близина на украинската граница.

На состанокот на амбасадорите на НАТО, на кој се разговорало за неодамнешното зголемување на насилството во источна украинска област Донбас, Алијансата обвини дека Москва ги поткопува мировните напори во источна Украина. и примирјето договорено во јули 2020 година,. Руските дестабилизирачки акции ги поткопуваат напорите за деескалација на тензиите, оцени северно атланската алијанса Москва пак возврати со изјава дека поместувањето на нејзините воени трупи се одвива во границте на Русија, и дека тоа е нивна работа која се одвива по сопствена проценка и сопствена потреба. Русија својата армија може да ја поместува на својата територија без на никого да му полага сметка, соопшти руското министерсво за одбрана.

Москва на многупати досега јасностави до знаењедека нема директно да се меша во евентуалниот нов воен конфликт во Украина но мора да си ги заштити своите граници но и да го заштити своето население кое живее во проруските области Доњецк и Луганск. Изминатите недели медиумите јавуваа дека проервопската влада во Киев планира воена акција врз прорските сепаратистичк области Доњецк и Луганск, познат под името Донбас, каде тамошното руско население сакаинтеграција со Русија. Трупањето на воените сили, воената техника и оружје го подигна алрамот дека на пролет би можело да додје до нов воен конфликт помеќу Украина и нејзиното руско населние. И Киев и западот се свесни дека Москва нема да се размислува и сигурно ќе им даде подршка на своите руски браќа кои живеат во Уркаина, а која поради блокадата на Русија не моќе да се интегрира во НАТО и ЕУ. Воените стратези сметаат дека Русија би можела д изврши анексија на Донбас по урнекот на Крим- да упати воени сили без државни обележја и насилно да ја присоедини украинската територија кон Русија. Според воените стратези, Русија е во предност бидејки може многу побрзо да ги распореди своите трупи, одошто армијата на Украина и евентуално трупите на НАТО доколку одличат да му помогнат на Киев да го зачува својот територијален суверенитет.

Back to top button
Close