Андоновска: Исклучувањето е директно од бушони. Оставаме да се испита дали е случајност или е намерно
„Вчера бев известена дека биле исклучени еден фрижидер и една комора. Таму се чуваат доста значајни реагенси кои би детектирале низа на заболувања.
Се исклучени директно од бушони. Во тој ходник поминуваат сите кои што работат во овој дел. Отворени се разводните табли. Оставаме да се испита дали е случајност или е намерно“. Вака новата директорка на Институтот за јавно здравје, Марија Андовска за исклученото напојување со електрична енергија на коморите со реагенси во ИЈЗ.
Доколку не функционираа фрижидерите, додава таа, ќе имаше голема материјална штета и би предизвикално општа способност за животот и здравјето на граѓаните