Андреј е единец, не знам родителите како ќе ја преживеат загубата“ – Кои се момчињата што загинаа во сообраќајка во Италија?
Андреј Китанов, Златко Стоиловски и Влатко Илиев се момчињата кои вчера вечерта во Италија во сообраќајна незгода ги загубија животите, објави „ММС.мк“.
Андреј и Златко се од Македонска Каменица, додека Влатко е од виничкото село Пекљани.
„ММС.мк“ стапиле во контакт со дел од иселениците во овој дел на Италија, кои се шокирани од трагедијата во која загинале нивни блиски пријатели и роднини.
Според нивните информации, Влатко е татко на две малолетни дечиња и во Италија доаѓал на привремена работа. Тој пред две недели заминал да работи сезонски.
-Така правеше, повремено, сезонски доаѓаше. Беше добро дете, израснал како сирак, заедно со неговите две сестри. Потоа се оженил и неговото семејство живее во Македонија, а тој доага само за работа и се враќа, рекле за „ММС.мк“ негови познати.
Братучед на Андреј, пак, рекол дека ним од полиција им се јавиле уште ноќеска и дека заедно со вујковците на Андреј, кои исто така живеат во Италија, биле на местото на несреќата.
…