Јане Ацевски кандидат на Левица за градоначалник на Кисела Вода, Маријан Димитриев на Аеродром, Александар Димитријевиќ на Ѓорче Петров и Антонио Димитров на Карпош

Поранешниот декан на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при УКИМ во Скопје проф. д-р Јане Ацевски е кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од Левица. Адвокатот Александар Димитријевиќ е кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, актуелниот директор на КИЦ-Скопје Антонио Димитров е кандидат за градоначалник на општина Карпош. Кандидат за градоначалник на општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер, а економистот Маријан Димитриев е кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

Кандидатите за градоначалници на скопските општини денеска на прес-конференција ги соопшти Круме Богевски, портпарол на кампањата за претстојните локални избори 2025.

– По долги анализи од Президиумот на Левица, како највисок орган на партијата, кандидираме личности со висок професиоанален кредибилитет и добро познати на јавноста, кои се подготвени за предизвикот да ги водат скопските општини, рече Богевски.

Ова е вториот бран кандидати за градоначалници од Левица, кои најавуваат дека наскоро ќе објават и други имиња на кандидати.

Back to top button
Close