Јане Ченто стана сопственик на градежна фирма, има десетина станови за продажба?
Јане Ченто кој е осуден на 13 години затворска казна за нападот во Сообраниетo на 27 април 2017, стана сопственик на градежна фирма во Прилеп, која веќе поседува барем десетина стана, пишува „Фактор.мк“.

Според информациите, „од 10 ноември Ченто станал содружник во правното лице „Арена Груп увоз-извоз Дооел Прилеп“. Фирмата „за изградба на станбени и нестанбени згради“ е регистрирана во 2022 и до крајот на 2024 работела со мали приходи, како и со обврски од 200.000 евра. Почетни сопственици, според она што може да се обезбеди како информација од Централен регистар, биле Елдин, Есад и Елдина Хасановиќ од Лажани, општина Долнени, со речиси еднакви удели“.
Од она што од прва може да се добие ако се пребара е тоа дека „Арена Груп“ како инвеститор лани во јули добила одобрение за градење на станбена зграда од градоначалникот на Прилеп во населбата „Димо Наредникот“ во близина на салонот на „Мебел Ви“, а за тоа биле известени и соседите.
Станува збор за две парцели од 500-тини метри квадратни на земјиште чиј носител на право е извесен Петко Ристески.
Според податоците на Агенцијата за катастар на недвижности, „Арена Груп“ веќе поседува десетина стана од 70-тина метри квадратни и други придружни простории






