Јанев: Бугарија ги презеде сите неопходни активности за да се истражи страшната сообраќајна несреќа

Бугарската држава реагираше во најбрз можен рок и ги презеде сите неопходни дејствија за да се истражи оваа страшна сообраќајна несреќа, во која загинаа 45 лица. Истовремено се води неопходна грижа за преживеаните, изјави привремениот премиер на Бугарија, Стефан Јанев во објава на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада.

Како што пренесува БТА, Јанев изразува сочувство до роднините на загинатите во несреќата на автопатот Струма, што се случи вечерва.

– Ова е огромна и неопислива трагедија која не потресе. Во моментов, активностите се во рацете на истражните органи. Кога ќе се направи потребното, ќе може да се коментира за причината што довела до толку многу жртви. Нека си ја завршат работата истражните органи, изјави Јанев.

Јанев, исто така, изразил уверување дека се мобилизирани сите државни органи, а МВР презело мерки за организирање на сообраќајот на автопатот Струма.

-Подоцна, ние мора внимателно да ги извлечеме вистинските лекции од овој трагичен инцидент за да спречиме такви трагедии во иднина. Во моментов единствена јасна информација е дека автобусот со жртвите и повредените е регистриран во Република Северна Македонија. Во врска со ова, во раните утрински часови разговаравме со премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. Како Влада ќе ги преземеме сите неопходни активности за справување со трагедијата, изјави Јанев.

Back to top button
Close