Јанев: Запрепастен сум од жестината на нападите и клевити, за кои сметам дека е апсолутно апсурдно да ги коментирам

Фејсбук статус на Марјан Јанев, градоначалник на Општина Василево

Почитувани граѓани,

Последните денови, против мене како Градоначалник, но и како човек, со лажни вести од одредени структури се врши своевиден атак врз мојата личност.

Очигледно е дека целта на овој континуиран напад е да се дискредитира мојата работа како градоначалник, но и да бидам оцрнет како човек, кој секогаш работи одговорно и чесно .

Запрепастен сум од жестината на нападите и клевити, за кои сметам дека е апсолутно апсурдно да ги коментирам и во овој специфичен период да подгревам нечии страсти. Разрешницата ќе ја барам во рамки на институциите, бидејќи тоа е единствениот пат по кој правдата и вистината ќе излезат на виделина и единствениот начин што јас, а и целиот цивилизиран свет го признава како меродавен.

Најодговорно тврдам дека т.н информации што определени медиуми ги пласираат за мене и ги шират преку социјалните медиуми се целосни лаги и апсолутни невистини. Со чисто срце и разум целосно ги отфрлам и демантирам и притоа упатувам апел, лудилото да му отстапи место на разумот и конечно сите да престанат да ја трошат својата креативна енергија и потенцијал на лаги и клевeти туку на нешто позитивно и добро.

Јас како градоначалник на општина Василево и како човек, единствениот пат по кој досега чекорам е патот на макотрпната, чесна , одговорна и отчетна работа. Така ќе биде и понатаму.
А вистината е само една и се надевам дека многу брзо ќе излезе на виделина.

Back to top button
Close